а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

урива

Види и: урне (св.)
уриваат; уривал; уриван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3830
1. руши, разорува
Англиски: demolish Албански: prish, rrënoj
Примери:
Ги уриваат старите згради.
2. одронува
Англиски: collapse Албански: rrënim, shkatërrim
Примери:
Уриваат карпи.
3. симнува, падне
Англиски: crash Албански: prishet, bie
Примери:
Ќе го уривал авионот.
4. Тотално уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatërrohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бомбардерите го уриваа целиот град.
5. За влада, систем и слично: собори, сруши.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Парламентарното мнозинство ќе ја уривало владата.
6. За аргументи и слично: собори.
Англиски: refute Албански: përgënjeshtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги уриваше нивните аргументи.
7. За чест, углед: руши, нарушува.
Англиски: damage Албански: rrëzon, dëmton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми го урива авторитетот.
8. За цена, вредност: снижува, намалува, девалвира.
Англиски: fall Албански: ulë, rrëzon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги уриваат цените.
9. Јури, се спушта брзо.
Англиски: descend Албански: lëshohet, vrapon
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Елен урива од гора.
10. откорне, набере
Англиски: tear down Албански: shkulë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Секој месец уриваше по едно дрво со голи раце.
11. (се урива) се руши, се разорува
Англиски: demolish Албански: prishet, rrënohet
Примери:
Утре ќе ја уриваат куќата.
12. (се урива) се одронува
Англиски: fall Албански: rrënohet, shembet
Примери:
Се урива брегот.
13. (се урива) се стркала, паѓа
Англиски: fall Албански: rrokulliset, bie
Примери:
Се урива кон куќата.
14. (се урива) Паѓа нагло, се руши.
Англиски: fall Албански: shembet
Примери:
Не можев да гледам како ни се урива куќата.
15. (се урива) јури
Англиски: storm Албански: rrënohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Возот се уриваше во непознат правец.
16. (се урива) Собори, навалува на некого.
Англиски: knock down Албански: shembet
Употреба: Спорт
Примери:
Успеа да го урне противникот.
17. (се урива) Нагло се симнува, спушта.
Англиски: fall Албански: lëshohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гладните врапчиња се уриваа по храната.
18. (се урива) паѓа, се тркала
Англиски: fall Албански: bie, rrokulliset
Примери:
Се прашувам, ќе престанат ли некогаш овие книги да се уриваат?
19. (се урива) Морално уништи, се урне.
Англиски: destroy Албански: prish, shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Критиката од директорот го урна целосно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК