а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

учење

мн. учења
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1544
1. Предавање на некого некакви знаења.
Англиски: teaching Албански: mësim
Употреба: Образование
Примери:
Цела недела се занимавам со учење неписмени да читаат.
2. Здобивање со некакви знаења.
Англиски: learning Албански: mësim
Употреба: Образование
Примери:
Учење француски јазик.
3. Повторување нешто за да се запомни, учење напамет.
Англиски: learning Албански: të mësuarit
Употреба: Образование
Примери:
Учење улога, стихотворба и сл.
4. навикнување
Англиски: adaptation Албански: adaptim, përshtatje
Примери:
Треба учење и на студ и на горештина.
5. Подготвување лекции, занимавање со тоа дејство.
Англиски: preparation Албански: përgatis
Примери:
Празниците ги поминав во учење.
6. Наука, систем од теоретски поставки.
Англиски: science Албански: shkencë
Примери:
Марксовото учење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК