а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

учи

учат; учам, учиш; учел; учев, учевме, учевте
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 628
1. (со предмет) Предава на некого некакви знаења.
Англиски: teach Албански: mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Ја учи мајка си да чита.
Го учи да зборува.
Ти ли ќе ме учиш како се меси зелник?
2. (со предмет) Се здобива со некакви знаења, усвојува, совладува нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Го учам францускиот јазик.
Учам математика.
Учи да тера автомобил.
Учи, учи - глава бучи.
3. (со предмет) Учител е на некого, му предава на некого.
Англиски: instruct Албански: mësoj
Примери:
Јас сум ги учел твоите деца.
4. (со предмет) Учи напамет, повторува за да запомни.
Англиски: learn by heart Албански: mësoj
Примери:
Ја учам својата најнова улога.
Учам една стихотворба.
5. (со предмет) поучува, советува, упатува
Англиски: advise Албански: mësoj, këshilloj
Примери:
Учи ме, мајко, карај ме.
Најпосле, домаќине, како ќе те учи Господ, така прави.
Тој ги учи децата да прават пакости.
Ти ли ќе ме учиш на ум и разум?
Ќе те научам јас тебе убаво!
6. (со предмет) Навикнува некого на нешто.
Англиски: train Албански: ushtroj, mësoj
Примери:
Треба да ги учиме децата на секакви незгоди, зашто не знаеме утре што ги чека.
7. (со предмет) узнава, дознава
Англиски: hear Албански: mësoj, dëgjoj
Примери:
Од каде ги учиш овие новини?
8. (со предмет) Учи за нешто.
Англиски: study Албански: mësoj, studioj
Примери:
Учам за доктор (студирам медицина).
Учам за професор.
9. (со предмет) Основува, развива некоја мисла, теорија.
Англиски: establish Албански: mëson
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Дарвин учеше дека ... марксизмот учи дека...
10. (без предмет) Оди на училиште, студира.
Англиски: attend school Албански: mësoj, studioj
Примери:
Поголемиот син веќе заработи, а помалиот уште учи.
11. (без предмет) Работи над зададените лекции, се спрема, зафатен е со учење.
Англиски: work Албански: mësoj, punoj
Примери:
Не задевај го детето, остави го нека учи.
Како не ќе имаш слаби оценки, кога воопшто не учиш?
12. (без предмет) Има предавање, часови на училиште.
Англиски: attend class Албански: mësohet
Примери:
Учителот е болен, денеска не учиме.
13. (се учи) Се здобива со знаење за нешто, усвојува некакво знаење, умеење.
Англиски: learn Албански: mësoj
Примери:
Се учи да зборува.
Се учи да тера автомобил.
14. (се учи) се поучува
Англиски: instruct Албански: mësohet, këshillohet
Примери:
Помладите се учат од постарите.
15. (се учи) Се навикнува на нешто.
Англиски: adapt Албански: mësohet, adaptohet
Примери:
Се учам на студ.
16. (се учи) Се спрема за нешто.
Англиски: prepare Албански: mëson, përgatit
Примери:
Се учам за шиење.
Изрази
(разг.) Учи, учи, тиква бучи - оној кој многу учи, ама ништо не научи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи