а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фамилија

мн. фамилии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2514
1. потесно семејство
Англиски: family Албански: familje
Примери:
Мала е неговата фамилија: тој, жена и дете.
Тој е глава на фамилијата.
2. Лица, блиски по крвно родство, род.
Англиски: family Албански: familje
Примери:
Момчето беше од најбогатата фамилија во градот.
Видна фамилија.
Стара фамилија.
3. Поголема група луѓе сврзани со општи интереси.
Англиски: family Албански: familje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во фамилијата на мирољубивите народи.
4. Во научната класификација - група сродни нешта.
Англиски: family Албански: familje
Употреба: Ботаника , Наука
Примери:
Ботаника: фамилија брези.
Зоологија: фамилија цицачи.
Лингвистика: фамилија на словенските јазици.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК