а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фати

фатат; фатил; фатен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 234
1. Земе, грабне, поземе со рака, раце некого или нешто.
Англиски: take Албански: mer
Примери:
Го фати за рака.
Го фати за опашка.
2. Задржи, запре со раце нешто што се движи, што лета, што се оддалечува.
Англиски: catch Албански: mban
Примери:
Ја фатија мачката.
Фати мува.
Ја фати топката.
3. Улови жив дивеч, риба со специјална направа.
Англиски: catch Албански: gjuej
Примери:
Фативме лисица со стапица.
Фати неколку рипчиња.
Ништо не фативме.
4. Со сила задржи некого што е гонет, што сака да избега, уапси; открие, издемне некого што врши нешто лошо, забрането, престапно.
Англиски: arrest Албански: arrestoj
Примери:
Полицијата ги фати сите крадци.
Фатија двајца партизани.
Го фати на дело.
Го фати во кражба.
Го фати во лага.
5. Успее да се качи навреме на превозно средство.
Англиски: catch Албански: hyp
Употреба: Разговорно
Примери:
Го фати првиот воз.
Во последниот миг го фати автобусот.
6. (само во 3 л. едн.) Во состав со некои именки што изразуваат страдања, душевни преживелици - обземе; во состав со други именки и заменска форма.
Англиски: get Албански: merr
Примери:
Ме фати мака.
Ме фати мрза.
Ме фати досада, криза.
Ме фати грч.
Ме фати страв.
Ме фати сонце.
Ме фати дремка, сон.
7. (само во 3 л. едн.) Добие некаква болест, се разболи, се зарази.
Англиски: get Албански: merr
Примери:
Ме фати грип.
Ме фати треска.
Ме фати кашлица.
8. (само во 3 л. едн.) Опие лесно.
Англиски: get drunk Албански: i dehur
Употреба: Разговорно
Примери:
Ме фати виново.
9. се задржи, се затврди
Англиски: catch Албански: mban
Примери:
Нема малтерот да фати.
Фати бетонот.
Не фати бојата.
10. соедини, сврзе, закрепи
Англиски: fasten Албански: bashkoj
Примери:
Ги дадов чорапите да ми ги фати котелците.
Ги фати конците.
11. сфати, разбере, долови
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Се стремеше да ја фати смислата на зборовите.
Добро му ги фатил карактеристичните црти.
12. Затече, завари на пат при патување.
Англиски: catch Албански: kapur
Примери:
Не фати дожд на патот.
13. За време, сезона - започне, настапи.
Англиски: begin Албански: periodë
Примери:
Фати веќе лето.
14. се запали
Англиски: ignite Албански: u djeg
Примери:
Дрвата беа влажни и не фати огнот.
Кибритот не фати.
15. Тргне, се упати некаде.
Англиски: direct Албански: filloi rrugë
Примери:
Го фати патот.
Ја фати планината, шумата.
16. За радио или телевизиски приемник - прими емисија.
Англиски: receive Албански: pranoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Синоќа успеавме да ја фатиме Москва.
Ја фатив италијанската телевизија.
17. Со сврзникот и глагол - започне.
Англиски: begin Албански: fillon
Примери:
Фати да плаче, фати да зборува.
Фати да се смее.
Фати кајмак млекото.
Фати кора.
Фати пајажина собава.
18. Наеме, пазари работници, превозно средство и сл.
Англиски: hire Албански: qira
Употреба: Разговорно
Примери:
Фативме работници мајстори.
Фатив адвокат.
Фативме такси.
19. Почне работа, некакво орудие, инструмент.
Англиски: take Албански: filloi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Толку време не беше фатил чекан в раце.
Пак го фати перото.
20. зафати, запоседне
Англиски: occupy Албански: okupoj
Примери:
Го фатиле ридот.
Го фативме патот.
21. Се наполни со паразити.
Англиски: catch Албански: mbush
Употреба: Разговорно
Примери:
Фати вошки.
22. Задржи за долг, пресмета.
Англиски: calculate Албански: llogari
Употреба: Разговорно
Примери:
Фати му за шиењето.
Фати му за конецот.
Ми го фати по десет денари килограм.
23. Дојде до нешто.
Албански: arriti
Примери:
Фати голем чин.
Фати пари (камен, камче).
24. Зазеде место.
Англиски: occupy Албански: okupoj
Примери:
Фати место.
Фати позиција.
25. Умесно е, има смисла, има корист од тоа.
Албански: me vend
Примери:
Фати работа.
26. (се фати) Со рака, раце за нешто.
Англиски: take Албански: kap
Примери:
Се фатија за раце.
Се фати за дрвото.
27. (се фати) Грабне, пипне оружје со рака; стапи во борба, спор, натпревар.
Англиски: take Албански: merr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се фати за оружје.
Се фатија за револверите.
Се фатија со секретарот околу извештајот.
28. (се фати) При игра, оро; застане, заигра до друг.
Англиски: join Албански: bashkangjit
Примери:
Се фати на оро.
29. (се фати) За риба, дивеч - падне в стапица, мрежа, примка и сл.
Англиски: catch Албански: kap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се фати само еден волк.
Се фати крапот на јадица.
30. (се фати) Насочи внимание кон нешто, се запре на нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се фати за предлогот на планот.
Се фати за зборот.
31. (се фати) Оди, се дружи со некого.
Англиски: join Албански: bashkangjit
Примери:
Се фатил со него.
Се фатил со лошо друштво.
32. (се фати) За функцијата на некој орган - престане, се ограничи.
Англиски: block Албански: merr
Примери:
Му се фатија нозете.
Ми се фати гласот, јазикот.
Ми се фати грлото.
33. (се фати) чини, вреди
Англиски: take Албански: merr
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се фати многу скапо.
34. (се фати) Почне да врши нешто.
Англиски: begin Албански: filloi
Примери:
Се фати за работа.
Се фати да чита, да игра.
35. (се фати) Се наеме, се согласи да изврши нешто.
Англиски: agree Албански: pranoj
Примери:
Готов беше да се фати за секаква работа.
Се фати да го направи тоа.
36. (се фати, само во 3 л. едн.) За цвеќе, растение - пушти корен, почне да расте, да вирее; за боја, малтер и сл. - се задржи, се затврди.
Англиски: root Албански: u kap
Примери:
Се фати лимонот.
Се фати бојата.
37. (се фати) За облека, обувки - е по мерка, таман.
Англиски: fit Албански: përshtat
Употреба: Безлично , Разговорно
Примери:
Ми се фатија твоите чевли.
Изрази
(посл.) Кога ќе се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот.
Се фати в стапица, примка, капан и сл.
Се фати за глава - не знае што да прави.
Се фати за глава - се вчудоневиди, се најде во чудо, се запрепасти, не верува на своите очи.
Се фатија в костец, се фатија гуша за гуша.
Се фатил на оро, ќе го игра.
(посл.) Се фатила царица за работа, па ѝ се исприштиле рацете.
Се фати на бас.
Се фати на јадица.
(посл.) Фати се за даб, а не за трн.
Го фати за гуша.
Го фати за зборот.
Го фати крстот.
Го фатија мајките (неговите).
Го фати на спиење.
Чини едно фати, друго пушти.
Ми фати око.
Му ги фати конците.
Му ја фати танката.
Му ја фати трагата.
Не можеш да го фатиш ни за глава ни за опаш(ка).
Не можеш му го фатиш крајот.
Орман фатил! Пустина, вид виделија фати.
Фати вера со него.
(прен.) Фати корен.
Фатил бога за очи.
Фати магла (пустина, вид виделија фати).
Фати место - умесно е, има смисла, има корист од тоа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи