а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фронт

мн. фронтови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1905
1. Челна, предна борбена линија на војските.
Англиски: front Албански: front
Употреба: Воен термин
Примери:
Фрлија нови сили на фронтот.
(разг.) Го напушти фронтот.
на два фронта
на широк фронт
2. Место, реон каде што се одвиваат воени дејства, бојно поле.
Англиски: battlefield Албански: fushë beteje
Употреба: Воен термин
Примери:
Штом оздраве, пак се врати на фронтот.
Сите работеа за фронтот.
Се враќаа од фронтот.
3. Највисока оперативна единица - група армии под водството на еден командант.
Англиски: front Албански: front
Употреба: Воен термин
Примери:
единиците на Источниот фронт
4. Подрачје на државна или општествена дејност.
Англиски: realm Албански: areal
Употреба: Преносно значење
Примери:
на идеолошкиот фронт
5. Општествена организација, обично за политичка дејност.
Англиски: coalition Албански: koalicion
Употреба: Политика , Преносно значење
Примери:
народен фронт
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК