а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фукне

фукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29292
1. удри, мавна, бутна
Англиски: hit Албански: godit
Употреба: Разговорно
Примери:
Го фукна силно по вилици.
Ќе ти фукнам една.
2. Лакомо изеде, солапа.
Англиски: gulp Албански: gëlltit
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го фукна наеднаш.
3. (се фукне) Се удри, се мавна.
Англиски: hit Албански: godet
Употреба: Разговорно
Примери:
Ама се фукнав.
4. (се фукне) Се бутна, се уфрли, се втурна, влета.
Англиски: dash Албански: hidhem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се фукна од малата врата внатре.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК