а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

храна

(едн.) храната
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 653
1. Тоа што служи за исхрана, за одржување на организмот.
Англиски: food Албански: ushqim
Примери:
Секој ден им носеше храна на партизаните.
Го снабди со храна.
Го прими на стан и храна.
Млечна храна.
Сточна (добиточна) храна.
Сува храна.
Резерви (од) храна.
2. Тоа што служи како извор за нешто, што одржува нешто.
Англиски: food Албански: ushqim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Душевна, духовна храна.
Изрази
(разг.) Топовска храна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК