а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цел

мн. цели
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 644
1. Нешто кон кое се стреми човек, што сака да го постигне.
Англиски: goal Албански: qëllim, cak
Примери:
Тој имаше една цел во животот: да ги изведе на пат децата.
Си ја постигна целта.
Се стреми кон исти цели.
Со каква цел?
Со таа цел, за тие цели.
Благородни, добротворни, хумани, наши цели.
(разг.) Со цел да (се постигне, постига).
2. намера, умисла
Англиски: intention Албански: qëllim
Примери:
Нивната цел беше јасна: да го омаловажат успехот.
3. Точка во која се нишани; точка до која треба да се стигне.
Англиски: target Албански: cak
Употреба: Воен термин , Спорт
Примери:
Погоди во целта.
Ја промаши целта.
Сите атлетичари пристигнаа заедно на целта.
Целта на трката е во Скопје.
Изрази
Целта ги оправдува средствата.
(разг.) Има задни цели.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК