а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цел

цели
Вид збор: Придавка
Ранг: 154
1. Од кој ништо не е одземено, ненакршен.
Англиски: whole Албански: e tërë
Примери:
Лебот остана цел.
(разг.) Цел-целеничок и цел-целеличок.
2. Што не е повреден, скршен.
Англиски: intact Албански: i padëmtuar
Примери:
Ми падна шишето и пак остана цело.
3. Што е во полн состав, без исклучок; при укажување нешто многу на број, количество и сл.
Англиски: complete Албански: i plotë, komplet
Примери:
Целиот собир ги прифати неговите предлози.
Целото село се собра да ги пречека гостите.
Целиот град излезе на улици.
4. Што трае непрекинато определено време.
Англиски: whole Албански: tërë
Примери:
Цел ден го чекаше на врата.
Цела ноќ око не затворив.
(разг.) Цел божји ден.
Цела вечност.
5. Што се приближува кон вистински, суштински.
Англиски: whole Албански: gjithë, krejt
Примери:
Се разиграа гостите - цела свадба.
Цел маж си станал.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК