а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цена

мн. цени
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1121
1. Вредност на нешто: стоки, имот, услуги изразена во парични единици.
Англиски: price Албански: çmim
Употреба: Економија
Примери:
Високи и ниски цени.
Набавна цена. По намалени цени.
Набивање на цените.
Паѓање на цените. Покачување на цените.
Последна цена. Продажна, фабричка цена.
(разг.) На цена.
Нема цена петна саде.
По никоја цена. По секоја цена. По цена на.
2. (само едн.) Вредност, достоинство на нешто.
Англиски: value Албански: vlerë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие беа решени и животот немаше никаква цена за нив.
Неговото мислење нема цена за мене.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи