а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цепи

цепат; цепел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7167
1. Сече дрво по должината.
Англиски: split Албански: çaj
Примери:
Цел ден дрва цепевме.
(разг.) Го цепи умот.
Како ти цепи умот? - Како ти сече умот?
Цепи влакно.
(дијал.) Цепи шамија.
2. За некои плодови - кине по половината, обично за сушење.
Англиски: split Албански: ndaj
Примери:
Децата цепеа сливи и ги носеа да се сушат за зима.
3. Кине, дере ткаенина, книга.
Англиски: tear Албански: gris
Примери:
Ова платно не мора да се сече, убаво се цепи.
4. Прави бразда по вода, земја.
Англиски: furrow Албански: hulli
Примери:
Коработ ги цепеше мирните води на езерото.
5. За звук - го реже воздухот.
Англиски: split Албански: latoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Револверски истрели одвреме-навреме ја цепеа ноќта.
6. Разединува, руши единство на организација, партија и сл.
Англиски: split Албански: prish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Несогласиците ја цепеа партијата.
7. (се цепи) Лесно се сече, се расцепува.
Англиски: tear Албански: shkëput
Примери:
Платното на средината се цепеше.
Дрвата беа убави и лесно се цепеа.
8. (се цепи) се разединува
Англиски: fragment Албански: copëtoj
Примери:
Партијата се цепеше на помали групи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК