а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чест

(едн.) честа
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5270
1. Целокупност од морални особини, сврзани со достоинството на човека, со неговото добро име во општеството.
Англиски: honour Албански: nder
Примери:
Изгуби чест.
Тој гледа многу на својата чест.
Суд на честа.
(разг.) Чест да немам (ако те лажам).
За чест и слава.
2. почит
Англиски: reverence Албански: nder, respekt
Примери:
Стекне чест, здобие се со чест.
Направи (стори) чест на некого.
Оддаде чест.
(разг.) Част и чест.
3. Пројава на особено внимание, почит, признание.
Англиски: honour Албански: nder
Примери:
Тоа е за мене голема чест. Смета за чест.
Тоа ми прави чест.
Имам чест (ја имам честа) да...
4. славење
Англиски: celebration Албански: nder
Примери:
Во чест на некого или на нешто.
Во чест на гостинот.
Во чест на празникот.
5. девственост
Англиски: virginity Албански: nder, virgjiritet
Примери:
Чест на девојка.
Се обиде да ја земе честа на девојката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи