а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чува

чуваат; чуваме; чувај, чувајте; чувал; чуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 539
1. Варди, пази нешто, не иставајќи се од него.
Англиски: guard Албански: ruaj
Примери:
Ние ќе одиме, а ти ќе останеш да ја чуваш куќата.
Чува бостан.
2. Варди некој да не побегне, да не направи нешто лошо и сл.
Англиски: guard Албански: ruaj
Примери:
Чува заробеници. Чува стража.
Ти чувај ги коњиве, а јас ќе одам да донесам ручек.
3. Брани, штити - од некого или од нешто.
Англиски: protect Албански: mbroj
Примери:
Чувајте го девојчето од лошо друштво.
Чувајте ги овошките од мраз.
Нив Господ ги чува.
Оваа топла облека ме чува од настин.
(разг.) Господ да чува (и да брани)!
4. Варди, внимава на нешто да се одржи во добра состојба, одржува нешто.
Англиски: protect Албански: ruaj, mbroj
Примери:
Тој си го чува здравјето.
Тој многу добро ја чува колата, затоа е уште како нова.
5. Држи нешто кај себе или на определено место, грижејќи се за него.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Тебе ти ги даде парите да му ги чуваш.
Тој пушката ја чува во визба.
6. Остава да стои нешто, грижејќи се за него; не троши, не употребува нешто.
Англиски: save Албански: ruaj
Примери:
Чувај малку грозје и за утре.
Прстенот ќе ти го чувам за свадбата.
Чувај си некоја пара и за старост.
7. Гледа, грижи се за некого.
Англиски: care Албански: kujdesem, ruaj
Примери:
Чува деца.
Чува болен.
8. (се чува) Се варди, се пази од некого или нешто, да не му се случи нешто.
Англиски: guard Албански: mbrohem, ruaj
Примери:
Чувај се од него.
Чувај се од настинка.
Чувај се да не те види некој.
9. слуша
Англиски: listen Албански: dëgjoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
FlexiMac
 менување на македонски глаголи