а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чувствителен

чувствителни
Вид збор: Придавка
Ранг: 4895
1. Кој лесно се оддава на чувства, кој лесно се разнежува.
Англиски: sensitive Албански: i ndieshëm
Примери:
Тој е поетска, чувствителна природа.
чувствително срце
чувствителна душа
2. Осетлив, што реагира, што лесно се засегнува, се навредува и сл.
Англиски: sensitive Албански: i ndieshëm, i prekshëm
Примери:
Со тебе човек не може да се пошегува, многу си чувствителен.
3. Осетлив - за органи и делови на телото.
Англиски: sensitive Албански: i ndieshëm, delikat
Употреба: Медицина
Примери:
чувствителна кожа
чувствителен стомак
4. Осетлив - за апарати, уреди, предмети, боја и сл.
Англиски: sensitive Албански: delikat
Примери:
Овие бои се многу чувствителни на светлина.
чувствителен механизам
5. Поголем по размери, значителен, осетлив.
Англиски: considerable Албански: i ndieshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
чувствително покачување на температурата
чувствително подобрување
чувствителна загуба
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК