а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чукне

чукнат; чукнам; чукнав; чукнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5975
1. удира
Англиски: knock Албански: qëlloj
Примери:
Го чукна по глава.
Си ја чукна главата.
Чукне со чекан.
Чукне на врата.
2. удира, забива
Англиски: hit Албански: qëlloj
Примери:
Чукни му уште една шајка.
3. удира, мава
Англиски: beat Албански: godas
Примери:
Ако те чукнам еднаш!
4. Чука, тресе овошје.
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Чукне јаболко, кајсии, цреши.
5. става
Англиски: put Албански:
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чукни му уште малку сол на јадењето.
Го чукнаа в затвор.
6. (се чукне) се удри
Англиски: hit Албански: godit
Примери:
Се чукнав од каменон.
7. (се чукне) Се чукнува (со чаша).
Англиски: toast Албански: godet
Примери:
Ајде да се чукнеме и да се напиеме.
8. (се чукне) се удрил, се мрднал
Англиски: become crazy Албански: i çmendur
Примери:
Се чукнал целиот.
9. Со кратките форми - за индиректен предмет од личните заменки.
Англиски: intrude Албански: ndërhyj
Примери:
Ќе му се чукнам богами.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК