а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

штипе

штипат; штипи, штипете; штипев, штипеа; штипел; штипен; штипејќи; штипење; штипав, штипаа; штипал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8390
1. Стиска нешто со врвот на прстите или со штипалка.
Англиски: pinch Албански: shtyp
Примери:
Немој да го штипеш детето.
2. Кине, откршува од нешто по малку со штипење.
Англиски: pinch Албански: gris
Употреба: Ботаника
Примери:
Си штипеше по малку од лебот.
3. За инсект - боцнува, каса како со штипалки.
Англиски: bite Албански: kafshon
Примери:
Нешто ме штипе по снагава.
4. За студ, ветар, чад, пијачка - дејствува остро на кожата или на некој орган.
Англиски: burn Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Остриот ветар му го штипеше лицето.
Чадот штипе во очите.
Виното штипе во устата.
5. (се штипе) самиот себеси
Англиски: pinch Албански: shtyn
Примери:
Доста се штипиш.
6. (се штипе) меѓусебно, заемно
Англиски: pinch Албански: shtyhen
Примери:
Не штипете се веќе, ќе си направите модринки.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи