а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

што

Види и: што (зам.)
Вид збор: Сврзник
1. (за однос) Во реченици со релативно надоврзување.
Примери:
Ние сме екипа што игра еднаш неделно.
2. (за однос) Заедно со колку, за споредба врз основа на количество.
Примери:
Јадев колку што можев.
3. (за исказ) Во зависносложени реченици.
Примери:
Многу жалам што не дојде.
4. (за причина) Во зависносложени реченици во сооднос; дека, затоа што, бидејќи.
Примери:
Се радувам што ве гледам.
5. (за причина) Во зависносложени реченици во сложени сврзувачки состави; заради тоа што, поради тоа што, затоа што.
Англиски: because
Примери:
Дојдов затоа што сакав да те видам.
6. (за последица) Во зависносложени реченици заедно со така; така што.
Примери:
Колата се расипа така што не стигнавме на време.
7. (за последица) Заедно со толку, толкав, таков.
Примери:
Беше толку пијан што не можеше да оди.
8. (за време) Заедно со само - само што.
Примери:
Само што седна да јаде, заѕвони телефонот.
9. (за време) Заедно со туку - штотуку, тукушто.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи