а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шут

шутиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 26338
1. За рогато животно - што е со скршен рог или без рогови.
Примери:
шута коза
2. За стомна, барде, грне - со скршена рачка или устинка.
Англиски: broken
Примери:
шута стомна
3. Гол, непотполн, на кој му недостига нешто важно.
Англиски: bare
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некако шуто ми изгледа сето ова овде.
4. За човек - кој не е со сиот ум, удрен, мрднат.
Англиски: mad
Употреба: Преносно значење
Примери:
шут човек
Изрази
(посл.) Ем шуто ем боде - нема рогови, а (сака да) боде.
(разг.) Шуто ми е - празно ми е, нешто ми недостига.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК