ѕвекне

ѕвекнат; ѕвекни, ѕвекнете; ѕвекнав, ѕвекнаа; ѕвекнал; ѕвекнат; ѕвекнев, ѕвекнеа; ѕвекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23429
1. Пушти јак краткотраен, метален звук.
Англиски: resound Албански: kumbon, tingëllon
Примери:
Ѕвекна старото резе од портата.
Ѕвекнаа чаши во рацете на младите.
Ѕвекнаа метални пари на подот.
2. Удри силно предизвикувајќи звук, ѕвек.
Англиски: resound Албански: kumbon, tingëllon
Примери:
Човекот го ѕвекна детето по глава.
Коњот го ѕвекна девојчето со копитата.
Тој налутено ѕвекна со приборот за јадење.
Изведенки
1. ѕвекнува несв.
ѕвекнуваат
2. ѕвекнување ср.
глаг. им.