а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

близок

блиски
Вид збор: Придавка
Ранг: 545
1. Што се наоѓа на мала оддалеченост.
Англиски: nearby Албански: afër, pranë
Примери:
близок пожар
Свежина од блиската вода.
Отидоа до блиската ливада.
Од блиските конаци се слушаат пискоти.
Среќавав жени од блиските села.
2. Што не е временски оддалечен.
Англиски: recently Албански: i afërt
Примери:
Близок крај на животот.
блиска иднина
блиска борба
блиско минато
блиски промени
Поблиски и подалечни претходници.
3. Што е во тесна роднинска, пријателска и друга врска.
Англиски: close Албански: i afërm, familiar
Примери:
близок роднина
Лоши зборови од најблизок човек.
блиско другарство
блиски односи
блиски пријатели
Го гушна со близок стисок.
Близок и срдечен разговор.
4. сроден, сличен, приближен, еквивалентен
Англиски: similar Албански: i përafërt
Примери:
Јазикот на Пејчиновиќ е многу пожив и поблизок до народниот отколку јазикот на Крчовски.
Изведенки
близост ж.