а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вила

мн. вили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3570
1. Орудие со два или повеќе краци, парошци за работа со сено, слама, гној и сл.
Англиски: pitchfork Албански: pirun
Употреба: Земјоделство
Примери:
Со железна вила го вадеше гнојот од шталата.
Селаните најчесто имаа обични дрвени вили со кои го превртуваа сеното да се суши.
2. Убава, раскошна куќа, обично надвор од градот, резиденција или наменета за одмор.
Англиски: villa Албански: vilë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Во вилата „Атина“ живееше чичко ми.
3. Женско митско суштество со голема убавина и натприродна моќ.
Англиски: fairy Албански: zanash
Употреба: Митологија
Примери:
Дедо ни раскажуваше приказни за вили и секакви други чуда.
Изрази
Добрата вила - некој што постојано прави добри дела.