а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жари

жарат; жарел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 15205
1. Гори, пече, доведува нешто во состојба на жар.
Англиски: heat Албански: ngroh
Примери:
Ковачот ја жареше косата за да ја клепа.
2. Ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж.
Англиски: irritate Албански: djeg
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Копривата жари.
3. Опфатен е од силно чувство.
Англиски: blaze Албански: mbuluar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во нас жарат силни желби.
4. (се жари) Се претвора во жар, е во состојба на жар.
Англиски: burn Албански: djegur në hi
Примери:
Јаглењето во огништето се жареа.
5. (се жари) се црвенее, се руменее
Англиски: redden Албански: skuqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од праведниот гнев лицето ми се жареше.
Над горската падина се жареше вечерната руменина.
Изрази
Пали и жари - самоволно и безобѕирно работи, управува, дејствува.
Изведенки
жарење ср.
глаг. им.