а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завет

мн. завети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5680
1. (само едн.) Место заштитено од ветер, дожд и сл.
Англиски: shelter Албански: strehim
Примери:
Колибата е на завет.
Запалив оган на завет.
Седна во заветот зад една карпа.
2. Сигурно, безбедно место.
Англиски: shelter Албански: strehim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во овој завет ние бевме сигурни и спокојни за нашите глави.
3. Ветување, заклетва, даден збор дека нешто ќе се изврши.
Англиски: promise Албански: betim
Примери:
Заветот што си го наметна на себеси беше строг.
Не сакаше да го крши заветот.
4. Желба, молба, порака оставена некому за да ја исполни.
Англиски: will Албански: amanet
Примери:
Го исполни неговиот завет.
Пред умирачката му остава завет на синот.
Оставил завет да се викаме по презимето на прадедото.
5. наследство, завештание
Англиски: heritage Албански: trashëgim
Примери:
Книгите му ги остави во завет неговиот учител.
6. Дел од Библијата.
Англиски: testament Албански: testament
Употреба: Религија
Примери:
Стариот завет
Изрази
Стар завет - првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството.
Нов завет - новиот христијански дел од Библијата што ги опфаќа евангелијата, делата на апостолите и Посланието.