а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закачалка

мн. закачалки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9644
1. Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл.
Англиски: hook Албански: varëse
Примери:
Мантилот висеше на закачалката во ходникот.
2. Направа во вид на триаголник со една кука за закачување алишта во плакар.
Англиски: coat hanger Албански: varëse
Примери:
Сите фустани ѝ беа наредени на посебни закачалки.
3. Направа во вид на кука за закачување, прицврстена на кој и да е предмет што треба да се закачува.
Англиски: hook Албански: varëse
Примери:
На горниот дел од ламбата имаше закачалка.
4. Мала платнена лента пришиена на горниот дел од палто, капут и сл. што служи за закачување.
Англиски: coat hook Албански: varëse, verigë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми се скина закачалката на капутот.