а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закон

мн. закони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 266
1. Правен пропис, нормативен акт донесен од надлежен орган на државата со кој нешто се определува, се уредува.
Англиски: law Албански: ligj
Употреба: Правда
Примери:
Собранието донесе закон.
Кривичен закон
Закон за финансиско работење
2. Установен ред, правило во определена средина.
Англиски: custom Албански: zakon
Примери:
Законот наш не дава помлада ќерка да мажиш пред постарата.
Неговиот збор беше закон во фамилијата.
Вие ги нарушивте законите на витештвото.
3. Норми и правила за однесување, општопризнати морални обврски.
Англиски: law Албански: ligj
Примери:
Љубовта не почитува никакви закони.
Тој си имаше свои закони за однесување.
И во детските игри имаше закон.
4. Состојба која произлегува од односот помеѓу појавите во природата и реалноста.
Англиски: law Албански: ligj
Примери:
Човекот не ги почитува законите на природата.
5. Утврдена научна вистина, правило.
Англиски: law Албански: rregull
Употреба: Наука
Примери:
Архимедов закон
закон за гравитација
фонетски закони
6. Вера, верски прописи.
Англиски: belief Албански: fe
Употреба: Архаизам , Религија
Примери:
Законот на Христа нам не ни дозволува да се жениме повеќепати.
Изрази
Законот стапи во сила - почне да се применува определен закон.
Стави надвор од законот - лиши некого од определени граѓански и политички права, забрани нешто (организација и сл.).
Во името на законот - така како што налага законот.
Божји закон - правила во христијанската религија.
Драконски закони - многу сурови мерки.
Нужда закон менува - неопходно е, мора да се направи нешто.
Секое село и закон (си има) - секој работи како што знае и умее, како што навикнал.
Човек на (од) законот - тој што го познава или што го применува законот; правник.