а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зашлака

зашлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 53883
1. Почне да шлака.
Англиски: clap Албански: duartrokas
Примери:
Зашлакаа со рацете во знак на одобрување.
2. Почне да удира шлаканици.
Англиски: slap Албански: shuplakë
Примери:
Таткото го зашлака детето.
3. заплиска
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Детето зашлака со рачињата во кофата со вода.
4. Почне да дрдори.
Англиски: chatter Албански: dërdëllit
Употреба: Разговорно
Примери:
Дедото пак зашлака за тоа кога бил млад.
5. (се зашлака) Почне да се удира со раце себеси.
Англиски: slap Албански: qëlloj
Примери:
Се зашлака по палтото и по панталоните за да си го истресе правот.
Се зашлака по лицето, како да сакаше да се казни самиот себеси.
Се зашлака на шега за да покаже колку е изненаден.
6. (се зашлака) Почне да се плиска во /со вода.
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Се зашлакаа децата во плитката вода на брегот.
Изведенки
1. зашлакува несв.
(се) зашлакуваат
2. зашлакување ср.
глаг. им.