а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зеница

мн. зеници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3473
Средишниот дел на окото што со своето ширење или стеснување ја пропушта светлината внатре и го овозможува гледањето.
Латински: pupilla Англиски: pupil Албански: ag, bebëz
Употреба: Анатомија
Примери:
Огледалото ја крши светлината и остро ја расплиснува во неговите запалени зеници.
Изрази
Чува како зеницата на окото - многу внимателно чува.