а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

крак

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7850
1. нога
Англиски: leg Албански: krah
Употреба: Анатомија , Дијалектен збор
Примери:
Крастата се ширеше по краците над колената.
2. Тоа што по обликот наликува на нозе или што во целината на предметот, телото има уочлива должина.
Англиски: side Албански: krah
Примери:
краци од шестар
краци од ножици
краци на крст
краци на ѕвезда
3. Издолжен дел од телото на некои животни (медуза, октопод, рак).
Англиски: arm Албански: krah
Употреба: Зоологија
4. Дел што се одвојува од нешто (железничка линија, река, одвод) и продолжува во друг правец.
Англиски: arm Албански: degëzim, krah
Примери:
Реката се делеше на два крака.
железнички крак
5. Една од правите линии што го формираат аголот.
Англиски: side Албански: krah, gjymtyrë
Употреба: Математика
Примери:
Рамнокракиот триаголник има еднакви краци.
Изведенки
крак прид.
кракиот; крака
Пример: ѕвезда петокрака