а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

куп

мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1120
1. Големо количество од несредени еднакви или различни нешта, истурени или нафрлени на едно место.
Англиски: pile Албански: turrë
Примери:
куп песок
куп пченица
куп јаболка
куп алишта
купишта хартија
2. Мало заоблено возвишение.
Англиски: hill Албански: kodër
Употреба: Географија
3. Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство.
Англиски: crowd Албански: grup
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се насобрал куп народ, не може да се помине.
4. Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување.
Англиски: cup Албански: kupë
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата екипа го освои купот.
5. Систем на одигрување спортски натпревари меѓу поголем број екипи или поединци, при што победениот отпаѓа од натамошните натпреварувања, а победникот се здобива со учество во финалниот натпревар.
Англиски: cup Албански: kupë
Употреба: Спорт
Примери:
фудбалски куп
светски куп во скијање
куп-систем
куп-натпревари
Изведенки
1. купченце ср.
дем.
2. купиште ср.
мн. купишта
аугм.