а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лист

мн. листови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 512
1. Орган на растенијата што служи за дишење и фотосинтеза (обично плоскат и зелен).
Англиски: leaf Српски: лист Албански: gjeth Бугарски: лист
Употреба: Ботаника
2. весник
Англиски: newspaper Албански: fletë
Примери:
службен лист
3. Правилно, најчесто правоаголно парче хартија само или како дел од книга, тетратка, блок и сл.
Англиски: sheet Албански: fletë
Примери:
Тетратка со осумдесет листови.
Книгата имаше пожолтени листови.
Лист со широки линии.
Во раката држеше празен лист.
4. Тенок и широк слој од нешто (метал, тесто, месо).
Англиски: blade Албански: fije
Примери:
Го исече месото на тенки листови и го посоли секој лист посебно.
5. Задниот месест (мускулест) дел на ногата што се наоѓа над глуждот.
Англиски: calf Албански: pulpë
Употреба: Анатомија
Примери:
Спортистите имаат јаки листови на нозете.
Од многу одење го заболеа листовите и глуждовите.
Изрази
Сврте нов лист - дејствува на нов (најчесто позитивен) начин.
Сврте друг лист - дејствува построго.
Од наша гора лист - од нашите краишта.