а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

место

мн. места
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 146
1. Дел од просторот што може да се искористи за сместување некого или нешто.
Англиски: place Албански: vend
Примери:
Мебелот ми зафаќа многу место во станот.
Направете ми малку место за да поминам!
2. Простор на којшто се случило нешто или се случува.
Англиски: location
Примери:
место на несреќата
стражарско место
3. Одреден дел од просторот што некој може или треба да го заземе.
Англиски: seat
Примери:
Фатив две места во автобусот.
4. предел
Англиски: scene
Употреба: Географија
Примери:
Поминавме низ многу убави места.
5. населено место
Англиски: locality
Употреба: Географија
Примери:
мало место
место на раѓање
6. Лична или општествена позиција.
Англиски: position
Примери:
Работи на добро место.
7. Положба во однос на другите.
Англиски: rank
Примери:
Освоив прво место на натпреварот.
8. Одреден дел од книга.
Англиски: part
Примери:
Стигна до најинтересното место во книгата.
Изрази
Место не го фаќа / држи - не може да седи на едно место.
Место не го фаќа / држи - возбуден е, нема мир.
Зборот му фати место - оствари некоја цел.
Не му е место - не одговара, не е соодветно.
Човек на место - човек како што треба, прав човек.
Го отепа на место / почина на место - изгуби живот на местото на настанот.
Болно место - слаба точка, слаба страна.
Да сум на твое место - да сум јас наместо ти (тебе).
Тоа ми е на прво место - тоа ми е најважно.