а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

набргу

Вид збор: Прилог
Ранг: 1628
Кусо време по некој определен момент, по некоја случка, настан.
Англиски: soon
Примери:
Набргу момчето заспа.
Поседоа малку и набргу си отидоа.
Запали оган, набргу во собата стана попријатно.
Набргу по востанието положбата на народот стана уште потешка.