а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надвор

Вид збор: Прилог
Ранг: 289
1. На отворен простор, не внатре.
Англиски: outside Албански: jashtë
Примери:
Полека излегоа надвор.
Надвор е темно и студено.
2. Со предлогот од - за посочување дека нешто излегува од некакви рамки.
Англиски: outside, beyond Албански: jashtë
Примери:
Излегоа надвор од селото.
Во сето тоа време тој остана надвор од настаните, надвор од народот.
Тоа е нелегално, надвор од законот.
Сега се наоѓа надвор од секаква опасност.
3. Освен, покрај тоа.
Англиски: beside Албански: pa
Примери:
Надвор од тоа остануваат цел ред подробности што треба да се имаат предвид.
4. (изв.) Надвор! - во лутина, за отстранување некого од некоја просторија или средина.
Англиски: out Албански: dilni jashtë!
Примери:
Марш - надвор!