а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надигне

надигнат; надигни, надигнете; надигнав, надигнаа; надигнал; надигнат; надигнев, надигнеа; надигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17717
1. дигне, крене, поткрене
Англиски: lift Албански: ngre
Примери:
Ја надигна главата да може да гледа.
Војникот ја надигна пушката да нанишани.
Ја надигна раката да удри.
2. Одгледа, накрене, осамостои некого.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Него чичко му го надигна.
3. Наземе, изнакупи многу нешта.
Англиски: buy Албански: blen
Примери:
Што си надигнал сѐ наеднаш.
Лесно е да се надигнеш, ама потешко е да платиш.
4. (се надигне) По доживеана слабост (болест, морален, материјален пад) си ја врати состојбата, се накрене.
Англиски: recover Албански: rimarr
5. (се надигне) Стане премногу горд, се вообрази.
Англиски: strut Албански: taversë
Примери:
Со првиот успех се надигна, збор не му се кажува.
6. (се надигне) Се крене високо, се извиши.
Англиски: rise Албански: ngre
Примери:
Дувна ветар и се надигнаа пеплишта.
Маглата се надигна.
Изведенки
надигнува несв.
(се) надигнуваат