а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

налегне

налегнат; налегни, налегнете; налегнав, налегнаа; налегнал; налегнат; налегнев, налегнеа; налегне
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7514
1. Легне врз нешто, потисне.
Англиски: lay down Албански: shtri
Примери:
Го налегнале и му ги врзале рацете.
Му ја налегнал раката во темницата.
Полека ја налегна кваката и вратата се отвори.
2. За множество - легне во голем број, повеќемина.
Англиски: lay down Албански: shtri
Примери:
По песокта налегнал народ, кој кај стигнал.
Во тремот налегнаа децата и изморените селани.
3. Се најде под некаков притисок, во тешка, непријатна состојба.
Англиски: pressurize Албански: kaploj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го налегна многу работа.
Ги налегна голема сиромаштија.
Староста го налегна.
Тешка болест го налегна.
4. Добро се сложи, се намести едно со друго.
Англиски: fit Албански: rregulloj, hyj
Примери:
Тој дел треба убаво да налегне.
Изведенки
1. налегнува несв.
налегнуваат
2. налегнување ср.
глаг. им.