а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напон

мн. напони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13683
1. Напинање, силно напрегање на мускулите.
Англиски: tension Албански: tension
2. Подем, полет на физичката и умствената сила.
Англиски: strain Албански: rritje, tendosje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сега е во напонот на силите.
творечки напон
Тоа е песна со силен патриотски напон.
3. Разлика на електричниот потенцијал меѓу две точки на еден електричен спроводник во електричното коло или во електричното поле.
Англиски: voltage Албански: tension, voltazh
Употреба: Технологија
Примери:
електричен напон
висок напон
низок напон