а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нарасне

нараснат; нарасни, нараснете; нараснав, нарасна, нараснаа; нараснал; нараснат; (ќе) нараснев, (ќе) нараснеа; (ќе) нараснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9135
1. Стане повисок, потпорасне.
Англиски: grow up Албански: rritet
Примери:
Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.
2. Никне, се развие врз некоја почва (за растенија).
Англиски: grow Албански: binë, rritet
Примери:
Низ пченката нараснаа секакви тревје.
3. Се крене, се зголеми по обем, надојде (за река, вода).
Англиски: rise Албански: zmadhohet, ngirtet
Примери:
Реката нарасна до прелевање.
Го остави тестото да нарасне.
4. Стане повеќе по број, бројно се зголеми, се засили и сл.
Англиски: increase Албански: rritet, shtohet
Примери:
Вревата нарасна.
Четата нарасна со нови борци.
Огнот нарасна и стана опасен.
Изведенки
1. нараснува несв.
нараснуваат
2. нараснување ср.
глаг. им.