а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натаму

Вид збор: Прилог
Ранг: 612
1. Во тој (од ситуацијата определен) правец, на таа (од ситуацијата определена) страна.
Англиски: further Албански: më tej
Примери:
Тргнаа натаму кон селото.
Под мене беше градот, натаму се протегаа полиња и шуми.
2. Просторно и временски - во продолжение (обично во компаратив).
Англиски: further Албански: më tutje
Примери:
Не сакаше да оди натаму (понатаму).
Под тие услови не можеа да работат натаму.
Животот си тече и натаму.
3. Просторно и временски - од определено место, од определен момент, во иднина.
Англиски: in future Албански: në të ardhmen
Примери:
Одовде натаму се е твое.
Отсега натаму ти ќе раководиш.
Изрази
И така натаму (скратено: итн.) - израз со кој се прекинува набројувањето, наведување примери.