а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

низок

ниски
Вид збор: Придавка
Ранг: 2004
1. Што има мала височина, што не израснал високо или не е направен да биде висок.
Англиски: low Албански: i shkurt,i ulët
Примери:
низок човек, ниско дрво, ниска трева
ниска куќа, ниска ограда
2. Што не се наоѓа на голема височина во однос на површината.
Англиски: low Албански: i ulët
Примери:
ниски гранки, ниска cтреа
низок лет, ниски облаци
3. Што е под средното ниво, под просекот, што е најдолу по ранг, по степен, по квалитет и др.
Англиски: low Албански: i ulët
Примери:
ниска цена, ниска камата
ниска температура, низок квалитет
ниско образование, ниска култура, низок сталеж
низок чин, низок глас, низок акорд
4. Што е неморален, нечесен.
Англиски: low Албански: i ulët
Употреба: Преносно значење
Примери:
ниски побуди, ниска постапка
Изрази
Падне ниско - лошо, нечесно постапи.
Падне на ниски гранки - пропадне, изгуби висока позиција, се уназади.
Низок удар - нечесна постапка, недозволено средство.
(посл.) Кој високо лета, ниско паѓа.
Изведенки
ниско прил.
Пример: Се чувствуваше ниско.