а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

образ

мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1085
1. Едната страна од лицето на човекот.
Англиски: cheek Албански: faqe
Употреба: Анатомија
Примери:
Имаше лузна на десниот образ.
Го бакна во образот.
Ги избриша солзите од образите.
2. Предниот дел од главата на човекот.
Англиски: face Албански: fytyrë
Примери:
Сонцето му го запали образот.
Отиде на реката да си измие образ.
3. слика, лик, изглед
Англиски: image Албански: fytyrë, figurë
Примери:
Материјален образ.
На прозорецот се појави образ од старец.
4. чест, здобиена почит
Англиски: honour Албански: nder
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е човек без образ.
Веќе нема образ да се појави таму.
Зарем уште имаш образ да зборуваш?
Изрази
Нема ни срам ни образ - за дрзок, безобразен човек.
Го обели образот - направи нешто добро, чесно, постапи правилно, подигне нечиј углед.
Го изгуби образот - ја изгуби честа, почитта.
Изведенки
1. обравче ср.
мн. обравчиња
2. образе ср.
мн. образиња