а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбрани

одбранат; одбрани, одбранете; одбранив, одбранија; одбранил; одбранев, одбранеа; одбранел; одбранет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4001
1. Заштити некого или нешто од опасност, од напад.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Нашата чета го одбрани селото од грабеж и палење.
Дедото го одбрани детето од разбеснетото куче.
Овчарскиот пес го одбрани стадото овци од нападите на волкот.
2. Пружи правна заштита некому во текот на судска постапка.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Правда
Примери:
Адвокатот го одбрани обвинетиот од обвинението.
3. За магистерски, докторски труд - докаже оправданост, образложи определени поставки, принципи.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Образование
Примери:
Таа ја ододбрани својата магистерска теза пред една година.
Тој ја одбрани докторската дисертација во Белград.
4. Зачува прво место, титула од претходниот период.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Спорт
Примери:
Фудбалерите на Вардар ја одбранија шампионската титула.
5. (се одбрани) Се заштити од опасност, напад, обвинение и сл.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Ловецот сам се одбрани од нападот на мечката.
Селаните се одбранија од нападот на арамиите.
Детето се одбрани од обвинението дека го искршило прозорецот.
Изведенки
1. одбранува несв.
(се) одбрануваат
2. одбранување ср.
глаг. им.