а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одмери

одмерат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9552
1. Со некаква мерка процени, определи некаква величина (тежина, должина, содржина).
Англиски: measure Албански: mat
Примери:
Го одмери растојанието до куќата за да стаса навреме.
Не ги одмери зборовите, избрза.
Тој добро го одмери обемот на работата.
2. За поглед - изгледа некого со големо внимание, испитувачки.
Англиски: gauge Албански: vështron, mat me shikim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го одмери од глава до петици.
Изведенки
1. одмерува несв.
одмеруваат
2. одмерување ср.
глаг. им.
Израз: Одмерување на силите - борба, натпревар.