а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опашка

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2190
1. Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот.
Англиски: tail Српски: реп Албански: bisht Бугарски: опашка
Употреба: Зоологија
Примери:
Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката.
Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше.
2. Долги перја на задниот дел од телото кај птиците.
Англиски: tail Албански: bisht
Употреба: Зоологија
Примери:
Кукавицата ја вртеше својата долга опашка.
Птицата немирно мавташе со опашката.
3. Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл.
Англиски: tail Албански: bisht
Употреба: Зоологија
Примери:
На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки.
На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата.
4. Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.
Албански: bisht
Употреба: Анатомија , Разговорно
5. Краен, заден дел од нешто, сè што е спротивно на преден дел, на глава, врв, почеток.
Англиски: end Албански: bisht, fund
Примери:
Се фати за опашката на орото.
Од опашката на колоната викаат.
Опашка на авион.
6. Издолжен, обично подвижен дел на нешто.
Англиски: tail Албански: bisht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Опашка на комета.
На небото играше хартиен змеј со долга, шарена опашка.
7. Заден дел од фустан, костум, капут, пола што виси во задниот дел од телото.
Англиски: tail Албански: gërshetë
Примери:
По нив одеше човек, наметнат со пелерина, чија опашка беше прекумерно долга.
8. Редица, колона од луѓе што чекаат во ред (пред продавница, шалтер).
Англиски: queue Албански: rradhë, gërshetë
Примери:
Пред фурната на татко му се редеше редовно опашка од деца.
9. Споредна, неважна личност во некоја група, колектив.
Англиски: tail Албански: bisht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не е тој од големите, тој е само опашка таму.
10. Дршка на лист или на плод.
Англиски: stalk Албански: kërcell, bisht
Употреба: Ботаника
11. трага
Англиски: track Албански: gjurmë
Примери:
Се дрндаше автобусот оставајќи зад себе долга опашка од прав.
Од маглата останаа долги опашки над доловите.
Изрази
Коњска опашка – вид фризура при што косата е собрана и врзана на тилот.
Свие (свитка, собере) опашка - се повлече, отстапи.
Мрда (врти) со опашката - се додворува, се умилкува.
Крене (напрчи) опашка - покаже сила, надменост.
Лаги (лажги) со опашки - големи лаги.
Му плукна под опашката - го набрка, му ја покажа вратата.
Е (се наоѓа) на опашката на /од настаните - не е доволно запознаен со настаните, остане надвор од случувањата.
Дури не мрдне кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа - (посл.) ако не дадеш повод, ако не предизвикаш, никој не те гиба.
Која страчка (останала) без опашка, да и ти без жена (момче) - (посл.) никој не останал без жена (маж), неженет, секој се оженил.
Почне нешто од опашката - почне нешто без ред, наопаку.
Фатил едно за глава, друго за опашка - уште едно не завршил, друго започнал.
Секоја круша си има опашка - секогаш ќе се најде повод за некого, за нешто да се зборува.
Нагази (му згазне) на опашката некому - изложи некого на опасност, загрози некого.
Не можеш да го фатиш ни за глава ни за опашка - не можеш да сфатиш навистина што сака, што бара, што мисли.
Врзе на мачката за опашката - тоа ништо не вреди, не чини.
Како мачката (песот) со опашката - за лошо извршена работа, обично за лошо сметено, недоволно исчистено и сл.
Изведенки
1. опавче ср.
мн. опавчиња
дем.
2. опавченце ср.
мн. опавченца
дем.