а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оправда

оправдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3806
1. Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин.
Англиски: free Албански: justifikoj
Употреба: Правда
Примери:
Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот.
Ако се покаеш, ќе те оправдаат.
2. Објасни, одбрани некаква постапка; признае нешто за правилно, допустливо, возможно; одобри, дозволи нешто.
Англиски: justify Албански: justifikoj
Примери:
Тој се обидуваше да ја оправда својата постапка.
Постојано бараше начин да го оправда нејзиното однеcување.
3. Потврди, докаже дека е нешто точно, правилно.
Англиски: justify Албански: justifikoj
Примери:
Развитокот на македонскиот литературен јазик ги оправда погледите на Мисирков.
Научниот собир ја оправда својата цел.
4. Покаже, докаже дека навистина заслужува нечија доверба и сл.
Англиски: justify Албански: justifikoj
Примери:
Вети дека ќе ја оправда довербата што му е укажана.
5. Поднесе, достави документи за направени трошоци.
Англиски: verify Албански: verifikoj
Примери:
Ја достави сметката за да ги оправда патните трошоци.
6. (се оправда) Симне од себе сомнеж, вина; ја докаже оправданоста на својата постапка.
Англиски: justify Албански: justifikoj
Примери:
Тој ме праша како ќе се оправдам на работа.
Треба само патем да пронајдам некоја причина да се оправдам што доаѓам.
Изведенки
1. оправдува несв.
(се) оправдуваат
2. оправдување ср.
глаг. им.