а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

органски

органски
Вид збор: Придавка
Ранг: 10536
1. Што се однесува на организмот во целина или на некој негов орган, што е вроден.
Англиски: organic Албански: organik
Употреба: Анатомија
Примери:
Резултатите не покажуваа никакво органско заболување.
2. Што му припаѓа на живиот свет.
Англиски: organic Албански: organik
Употреба: Биологија
Примери:
Органската материја има најголемо значење за плодноста на почвата.
3. Што е суштински поврзан со нешто, што е суштествен.
Англиски: essential Албански: organik
Примери:
Домашните задачи се составен органски дел на работата в клас.
4. Што му е внатрешно својcтвен на некого.
Англиски: intimate Албански: i lindur
Примери:
Меѓу нив поcтоеше органска нетрпеливост.
5. Што е произведен без хемиски додатоци, на биолошки начин.
Англиски: organic Албански: organik
Употреба: Екологија
Примери:
органска храна