а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

остане

останат; остани, останете; останав, остана, останаа; останал, останала, останале; останат; останев, останеа; останел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 102
1. Продолжи да се наоѓа, да се задржува негде, не промени место, положба.
Англиски: remain Албански: mbetet
Примери:
Јас останав в село, а другите заминаа в планина.
Таа остана дома да зготви ручек.
Остана в постела.
Портата остана подотворена.
Книгата остана на масата.
2. Не промени состојба, статус.
Англиски: remain Албански: mbetet
Примери:
Таа остана немажена.
3. Стане некаков како последица на нешто.
Англиски: turn Албански: mbeti
Примери:
Тој млад остана вдовец.
Во таа несреќа тој остана сакат (слеп).
4. Продолжи да престојува, помине време на некое место.
Англиски: stay Албански: qëndrim
Примери:
Остана в болница подолго време.
Во Охрид останавме речиси два месеца.
5. Истрае во нешто, одржи нешто.
Англиски: hold out Албански: zgjat
Примери:
Вработените останаа на своето решение да се смени директорот.
Тој остана на занаетот од татко му.
6. Остави трага, белег.
Англиски: leave Албански: largim
Примери:
Трагите од коњските копита останаа во калта.
Урнатините останаа како нем сведок на бомбардирањето.
Траги од крв ми останаа на облеката.
7. Не помине во погорно одделение, клас (во школувањето), изостане, заостане.
Англиски: remain Албански: ngel
Примери:
Тој остана по вторпат во седмо одделение.
8. Е оставен, предаден во наследство.
Англиски: remain Албански: lënë
Примери:
Hоcијата ми остана во наследство од баба ми.
Куќата му остана од татко му.
9. Остави нешто на поминување, помине покрај нешто.
Англиски: remain Албански: la
Примери:
Нашиот тркач остана меѓу последните уште во првиот круг.
Селото остана далеку зад нас.
10. Загине, падне во бој.
Англиски: fall Албански: bie
Примери:
Многу борци останаа на бојното поле.
11. Преживее, продолжи да суштествува.
Англиски: survive Албански: mbijetoj
Примери:
Од семејството останал жив само најмалиот брат.
Во авионската несреќа не остана никој жив.
12. (само во 3 л.) Се зачува, преостане во еден помал или поголем дел, од нешто што се губи, што исчезнува.
Англиски: remain Албански: u humb
Употреба: Безлично
Примери:
Од ручекот остана само малку.
Ни останаа уште стотина метри до врвот на планината.
Останаа неколку минути до доаѓањето на возот.
13. Е препуштено, оставено нешто на некого.
Англиски: remain Албански: e lënë
Примери:
Грижата за децата остана на жената.
14. Треба да се направи уште нешто.
Англиски: remain Албански: duhet bërë
Употреба: Безлично
Примери:
Остана уште да се потпише договорот.
Ќе остане да се направи уште една проверка.
Изрази
Атер да не ти остане - не забележувај ми за ова што ќе ти го кажам.
Меѓу нас да остане (кажаното) - да не се шири, не кажувај на други.
Остане на улица - остане без приход, без средства за живот.
Остане на пол пат - (обично за образование) не заврши нешто што започнал: училиште, занает и сл.
Остане бел во очите - остане без очекуваното.
Остане со празни раце - остане без ветеното, очекуваното.
Остане (некому) во умот/паметот - не заборави, добро запамети некого или нешто.
Остане тешка/трудна - забремени.
Не остане никому должен - врати со иста мера.
Остане во сила (за закон, правило, пропис и сл.) - не се смени, уште има важност.
Прашањето остана отворено - не е решено тоа што се очекувало да се реши.
Остана со прстот в уста - остана изненаден, излажан, без тоа што го очекувал.
Во кого душа да остане - остане без здив, од cмеење, од работа и сл.
Остане на зборот - го држи дадениот збор, даденото ветување.
Очите му останаа во нешто или во некого - многу му се допадне.
Пуст да остане - клетва.
Изведенки
1. останува несв.
остануваат
2. останување ср.
глаг. им.