а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отворен

отворени
Вид збор: Придавка
Ранг: 392
1. (глаг. прид.) отвори
Англиски: open Албански: hap
2. Што не е ограден, низ кој може слободно да се помине.
Англиски: open Албански: i hapur
Примери:
отворена врата
отворен прозорец
отворена чанта
отворена книга
3. непокриен, откриен
Англиски: uncovered Албански: i zbuluar
Примери:
Куќата е отворена, уште нема покрив.
отворен автомобил
Дуќани на отворено.
4. Што работи, што функционира.
Англиски: open Албански: i hapur
Примери:
Во чаршијата имаше веќе отворени дуќани.
5. достапен, слободен
Англиски: accessible Албански: në dispozicion
Примери:
отворена граница
6. За боја, изглед - што е светол, јасен.
Англиски: pale Албански: i qartë
Примери:
Јас сакам отворени бои.
7. Несрамежлив, снаодлив, вешт во комуникацијата.
Англиски: communicative Албански: i shkathët
Примери:
Тој е многу отворен човек.
8. искрен
Англиски: honest Албански: i sinqertë
Примери:
Таа со мене е секогаш отворена.
9. неприкриен, јавен
Англиски: direct Албански: i drejtë
Примери:
отворена борба
отворен напад
10. неприкриен, нескриен
Англиски: open Албански: i hapur
Примери:
отворен непријател
Изрази
Отворено писмо - писмо што преку медиумите се упатува како протест до јавна личност, најчесто од политиката.
Куќа отворена - што радо прима посети, гости.
Куќа отворена - покана за посета.
Отворен град - град што им е достапен на cите.
(воен.) Отворен град - град што нема да се брани.
Отворено прашање - прашање што чека решавање, што не е дефинитивно решено.
Игра со отворени карти - ја покажува намерата, јавно ја зборува вистината за своите постапки.
Со отворено срце/душа - искрено.
Отворено море - море по кое можат да пловат бродови од cите држави.
Слуша со отворена уста - слуша внимателно.
Остана со отворена уста - остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација.
Умре со отворени очи - умре со неисполнета желба за нешто.
Оди/е со отворени очи - свесно, со јасно изразена мисла.
Под отворено небо - надвор, без покрив на главата.
Отворена рана - рана што крвави, што не е залечена.
(прен.) Отворена рана - болка за некого, заради некого.
Изведенки
1. отвореност ж.
искреност
Пример: Неговата сила е во неговата отвореност.
2. отворено ср.
Отворено место, надвор од домот.
Пример: Спиевме на отворено, во дворот.