а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпише

отпишат; отпиши, отпишете; отпишав, отпишаа; отпишал; отпишан; (ќе) отпишев, (ќе) отпишеа; (ќе) отпишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13361
1. Избрише, пречкрта некого од списокот, од некаква заедница.
Англиски: sign off Албански: fshi, çlajmëroj
Употреба: Административен термин
Примери:
Детето го отпишаа од тоа училиште.
2. Врши отпис во книговодство.
Англиски: write off Албански: fshi
Употреба: Економија
Примери:
По извршениот попис, ги отпишавме сите стари бироа.
3. Престане да смета на некого или на нешто.
Англиски: write off Албански: fshi
Примери:
Автомобилот ни се расипа и ние го отпишавме, бидејќи не бевме во можност да го поправиме.
Не можеа да го пронајдат и спасувачите го отпишаа момчето.
4. (се отпише) Престане да членува во некаква заедница, група, партија и сл.
Англиски: leave Албански: lë, braktis
Примери:
Тој се отпиша од планинарското друштво.
Изведенки
1. отпишува несв.
(се) отпишуваат
2. отпишување ср.
глаг. им.