а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

падне

паднат; паднав, падни, паднавме, паднете; паднав, паднаа; паднал; паднат; (ќе) паднев, (ќе) паднеа; (ќе) паднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 417
1. Изгуби потпора, рамнотежа и се струполи, се урне наземи од високо или од положбата во која стои.
Англиски: fall Албански: bie
Примери:
Бомбите паднале в поле.
2. За атмосферски талози (дожд, снег, слана) заврне, се спушти.
Англиски: fall Албански: bie
Примери:
Беше паднал голем снег.
Магла падна по полето.
3. Се ничкоса губејќи рамнотежа.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohem
Примери:
Како што трчаше, детето одеднаш падна.
Паднала куќата.
4. загинува
Англиски: die Албански: bie, vdes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие паднаа бранејќи ја татковината.
5. Биде победен.
Англиски: occupy Албански: bie
Примери:
Со тоа Македонија падна под турска власт.
Паднале многу населени места (во рацете на непријателот).
6. (само во 3. лице) се опушта
Албански: bie
Примери:
Косите ѝ паднале на рамена.
Му паднале панталоните.
7. За поглед, очи.
Албански: bie
Примери:
Погледот мy падна на книгата.
8. настапи
Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Падна мрак.
9. За светлина, зраци и др.
Албански: bie
Примери:
Зраците треба да паднат еве овде.
10. Се најде некаде
Албански: bie, takon
Примери:
Паднавме во првата група; паднал в стапица.
(разг.) Не паднал на мајстор
11. За работа, задача - легне врз некого.
Англиски: lie Албански: shtrihem, bie
Примери:
Целата работа паднала врз него - тој ја работи сета работа.
12. За цени - се снижи.
Англиски: decrease Албански: bie, zvogëlohet
Примери:
Паднала цената на струјата.
13. За влада, режим - прекине постоење.
Албански: bie
Примери:
Падна владата.
14. стане, се изврши
Албански: bie, kam
Примери:
Сега ќе падне еден говор.
На свадбата падна едно јадење, пиење, играње.
Падна предлог.
15. Обично со предлогот в, во - се најде во некаква душевна состојба и сл.
Албански: bie, ra
Примери:
Паднал во меланхолија, немилост, несвест.
16. се случува
Англиски: occur Албански: bie, ra
Примери:
Лани празникот падна во среда.
17. отпаѓа
Албански: bie
Примери:
Паднал малтерот од ѕидот.
Ти паднала петлицата.
18. За лисје, коса и др.
Албански: bie
Примери:
Паднале лисјата.
Скоро ќе му падне косата.
19. припадне дел
Албански: takon
Примери:
Мене ми се падна да ја свршам таа работа.
20. (при делба, лотарија - добие) добие, припадне
Англиски: win Албански: bie, fiton
Примери:
Нему му паднал автомобилот.
Изрази
(разг.) За пропаднати пари - паднаа во бунар!
(посл.) Носот да му падне, не си го поткрева - се вели за мрзлив човек.
(посл.) Ако падне, пак ќе стане.
(разг.) Да го дувнеш, ќе падне.
(разг.) Паднавме на зборот.
(разг.) Паднавме во (на) разговор.
Му падна в очи - забележа.
Му падна на ум - му текна.
Падна во постела - се разболе.
Падна ред на него.
Сиот товар паднал врз него.
Падна на колена, на коленици - моли.
Му падна тешко.
Му падна грев.
Му падна мака.
Му падна жал - се сожали.
Му паднал мрак пред очи - му пукнал филмот.
Крв ќе падне.
Глави ќе паднат.
Тој длабоко паднал - пропаднал.
Влакно нема да ти падне - ништо нема да ти се случи.
Не дава прав да падне на него.
Недраго ѝ паднало.
Овој како да паднал од небо - ништо не разбира.
Паднал болен.
(посл.) Каде падни, таму зобни - јаде, се храни кај ќе стигне.